Гечевски ќе го одигра последниот кошаркарски „танц“ против Фенербахче

Гечевски ќе го одигра последниот кошаркарски „танц“ против Фенербахче

Тодор Гечевски, поранешниот репрезентативец на Македонија и сегашен координатор на младинските категории на КК Работнички на ревијалниот меч против Фенербахче ќе го одигра последниот кошаркарски танц.

Кавадарчанецот кој зад себе има 20 годишна кошаркарска кариера ќе настапи за црвено-белите против турскиот гигант и официјално пред публиката ќе каже збогум. Искусниот центар кариерата ја почна во далечната 1995 година, а низ годините покрај за Работнички, тој настапуваше за Тиквеш, Николферт, МЗТ Скопје, Авелино, Задар и ПАОК.

Натпреварот меѓу Работнички и Фенербахче се игра на 30 септември во „ВИП-арената“ при СЦ „Борис Трајковски“.