Претседател

Ристо Гапиќ

Датум на раѓање 12.03.1987
Место на раѓање Скопје
Стручна спрема Политиколог

Професионална кариера

Во 2006 година станува Генерален секретар на Клубот на млади политиколози и дипломати на „Прв Приватен Универзитет ФОН“. Во 2007 година станува потпретседател на Студентскиот Сојуз на „Прв Приватен Универзитет ФОН„, додека во 2008 година е именуван за Вршител на должноста претседател на Студентскиот Сојуз на „Прв Приватен Универзитет ФОН“. Гапиќ во 2009 година го презема местото претседател на Студентскиот Сојуз на „Прв Приватен Универзитет ФОН“. Во периодот од 2009 до 2010 година дополнително ја врши функцијата Претседател на Надзорениот одбор на „Федерацијата на млади“ на Град Скопје. Во 2012 година го основа и раководи со Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните „Превентус“. Во моментов Гапиќ работи како управител на ДМУ Креатиф Маркетинг ДООЕЛ.

Ристо Гапиќ во 2008 година станува Амбасадор на мирот- Universal Peace Federation, додека во 2013 година станува член на светската хуманитарната организација Lions Club International како дел од Lions club Vardar, D132, Macedonia.

Гапиќ својата спортска кариера ја почнува уште како дете, како дел од младинската школа на КК Работнички, додека во 2005 година станува кошаркарски судија. Судиската кариера ја завршува во 2011 година.

Во 2015 година назначен е за претседател на Бордот на директори на КК Работнички.

Странски јазици: Англиски